“The Times”,100 илјада Англичани преминуваат во Ислам

Една извршено истражување во Англија покажа дека во последните 10 години, околу 100 илјада лица се решиле да преминат во Ислам.
Според истото истражување извршено од групата „Faith Matters”, ( Прашања околу верувањето ), се соопштува дека оваа година Исламот го прифатиле 5200 Англичани. Според весникот „The Times”, покрај растот на бројот на лицата кои се решаваат да преминат во Ислам, истовремено се појавува друг проблем : Од една страна, конвертираните во Ислам се одбиени од нивните од нивните семејства и нивните најблиски а од друга страна муслиманите не се оценуваат како што се очекува.

Муслиманите, одговорни луѓе
Во извештајот наречен „Малцинство внатре во малцинството“ објавен по истражувањето, стои дека лицата кои се решаваат да преминат во Ислам го прават тоа преку влијанието на книгите и податоците кои ги добиваат од интернет. Во извештајот каде се подвлекува фактот дека муслиманите се одговорни луѓе се вели дека „конвертираните лица во муслимани се обидуваат да го поддржуваат обединувањето на општеството и го дават нивниот придонес во решавање на разните меѓународни проблеми како во Авганистан, Пакистан и Блискиот Исток“. Две третини од конвертираните се девојки кои по прифаќањето на Исламот го менуваат и начинот на облекување. Во истиот извештај се спомнува дека исламските венчавки не влијаеле во нивните конвертирање, но додаваат дека и по нивното конвертирање во муслиманите, не ја уживаат целосната поддршка од општеството.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*