Рукја, заштита за децата (Совет за мајките)

Многу мајки не го знаат правилниот начин на учење Рукја за деца. Така некои мајки ги проучуваат Сурите Ихлас, Фелек и Нас – „Ел-Му’аввизат“ – сите три одеднаш и сметаат дека така ги заштитиле своите деца, додека некои ќе проучат само „Аллах нека ве чува – Естевди’аукумуллах“. Поради тоа незнаење и непознавање на правилниот начин на учење на Рукја, донесуваме кратко упатство: Драга мајко, стави ја својата рака на главата на детето а потоа проучи: 1.Сурата Ел Фатиха, 2. Ајету-л-Курсија, 3. Потоа последните два ајети од сурата Ел Бекара: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: „Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови“. И велат: „Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме“. Аллах никого не оптоварува преку неговите можности; во негова корист е доброто кое го стекнал, а на негова штета е злото кое го стекнал! „Господару наш, не казнувај нe ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме! Господару наш, не товари нe со товарот кој си им го натоварил на тие пред нас! Господару наш, не оптоварувај нe со тоа за кое немаме сила! Избриши ни ги гревовите наши, прости ни и смилувај ни се! Ти си нашиот Господар, па помогни ни против народот кој не верува!“ (Ел Бекара, 285-286) 4.Сурата Ел Ихлас – три пати, 5. Сурата Ел Фелек – три пати, 6. Сурата ЕнНас – три пати, 7. Потоа проучи ја три пати Бисмилла (Бисмиллахир-Рахманир-Рахим), и проучи ја довата „Е’изукеби’изетиллахи ве кудретихимин шери ма тездиду ве тухатхир“ седум пати.

8. После тоа проучи: (Со името на Аллах кога името Негово се спомене, никакво зло на Земјата и на небесата не може да се направи) – три пати, 9. И проучи: (Те оставам на Аллах во еманет, а кого Аллах го чува, сигурен е) Потоа со рацете помини преку главата на детето и неговото тело. Вака мајката може да почуствува мир од уроци, болести и минливи инфекции кај децата, а се е пишано и одредено, се е од Аллах пишано и одредено. А Аллах, џ.ш., во Куранот во сурата Тевбе вели: „Кажи:“ Ќе ни случи само она што Аллах ни го одредил…““, а во хадисот на Аллаховиот Пратеник, а.с., се вели: „Судбината не може да ја смени ништо освен довата“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*