
Последното научно истражување покажа дека витаминот Ц има специфично дејство на матичните клетки на карциномот и може да доведе до уништување на канцерогеното ткиво, јавува Anadolu Agency (AA). Списанието „Онкотаргет“ ги објави резултатите од истражувањето што го спроведоа научниците од Универзитетот „Салфорд“ во Манчестер и дојдоа до сознанија дека во борбата против клетките на карциномот, витаминот Ц дејствува и до десетпати поефикасно од лекот 2-ДГ, кој е во примена на тестирање. Научниците го тестираа влијанието на три природни супстанции (Фенетил естер кофеинска киселина (КАПЕ), силибинин и аскорбинска киселина), експериментални лекови (актинонин, FФК866 и 2-ДГ), и еден клинички лек (стирипентол) на развојот на клетките и ткивата на карциномот. Ова е првото научно истражување што откри дека витаминот Ц (аскорбинска киселина) може да биде користен во уништувањето на клетките на карциномот.
„Го анализиравме ефектот на низа природни супстанции на матичните клетки на карциномот, вклучувајќи силибинин од млечните производи и некои состојки од деривати на пчелин мед, но далеку најдобри резултати се постигнуваат со витамин Ц. Тоа е евтино, природно, безопасно и лесно достапно средство што би можело да стане важно оружје во борбата против карциномот“, изјави проф. Мајкл П. Лисанти. Истражувањето покажа и голем потенцијал на експерименталниот лек ФК866 и на антибиотикот актинонин. Нобеловецот Линус Паулинг претходно откри дека витаминот Ц може да се користи и во лекување на карциномот и со терапијата со тој витамин, за 25 отсто ја намали смртноста на карциномот на дојка кај пациентките во Јапонија. Меѓутоа, последното истражување на британските научници откри конкретно дека витаминот Ц ги спречува енергетските процеси во клеточните митохондрии на карциномот. „Ова е уште еден доказ дека витаминот Ц и другите нетоксични супстанции можат да имаат улога во борбата против карциномот. Резултатите се ветувачки“, изјави др. Глорија Бонучели, водач на истражувачкиот тим од Универзитетот „Салфорд“.
Leave a Reply