Мудрости од стари алими

Кога Ибн А’ун се поздравуваше со еден човек рече : „Од тебе се бара да му се плашиш на Аллах. Тој кој е богобојазен, никогаш не ја чувствува самотијата“. Заид ибн Аслим рекол : „Кој му се плаши на Аллах, луѓето ќе го засакаат иако го мразеле претходно“. Имам Теури му рекол на Аби Да’иб : „Ако му се плашиш на Аллах, Тој ќе биде доволен, така да не ти се потребни луѓето. А, ако се плашиш од луѓето, тие нема да те задоволат воопшто ако целосно не се потпреш во Аллах“.

Сулејман ибн Давуд рекол : „Дадено ни е тоа што им било дадено и на другите, дури и повеќе а ние знаеме тоа што знаат и другите, дури и повеќе, и ние сме сфатиле дека нема поубава работа да му се плашиш на Аллах како скришно така и јавно, правдата во радост и горчина и воздржливоста во сиромаштија и богатство“. Ин ез – Зухд Имам Ахмед се поврзува со хадисот кудсиј ( збор на Аллах ) во продолжение. „Секогаш кога едно суштество бара заштита од другите суштества наместо да побара од Мене ( од Аллах ), Јас за него ќе ја спречам целата поддршка ( заштита ) од небото и земјата, ако ми побара нешто, Јас не му давам, ако потклекнува ( и бара ) Јас не му одговорам и ако бара да му простам, Јас не му опростувам…
И секогаш кога едно суштество бара заштита од Мене наместо од Моите суштества, неговото снабдување ( риск ) му е обезбедено од небото и земјата, ако бара нешто Му давам, ако потклекнува, Му одговорам и ако бара да му простам, Јас му опростувам“.

Пратеникот Мухамед а.с рекол : „Најдрагите меѓу вас за мене и тие кои ќе бидат најблизу со мене во Судниот Ден се тие кои имаат најубаво однесување“ Тирмизи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*