Мудрости на Фудајл ибн Илјад

Од знаците на катаклизмата ќе биде тоа кога луѓето ќе бидат браќа само од изглед а од внатре се непријатели. Луѓето кои најмногу се задоволни со Севишниот Аллах се тие кои најмногу го познаваат Него. Никој нема да стигне ниво на добрина само постејќи и клањајќи многу, туку ќе го достигне со bujari, со исчистување на душата и со добри совети кон луѓето. Нема поубав украс за луѓето отколку искреноста и барањето на халалот. Тој кој ги знае луѓето, ќе биде куртулен од нив. Јас не верувам во братството на некого кога јас го задоволам него, туку кога е изнервиран со мене а јас не го мразам. Оддалечи се од тие кои ти работаат зад грб бидејќи ако те сакаат ќе се пофалат во тие работи кои ги немаат а ако те мразат ќе сведочат против тебе и ќе биде прифатено нивното сведоштво.

Го прашаа Фудајл околу едноставноста а тој одговори : Да ја сакаш вистината и секогаш да бидеш фокусиран кон тоа и да ја прифатиш вистината од каде и да доаѓа, било тоа дете или нај – игнорантниот од сите луѓе“ „Вие имате две особини кои ги имаат игнорантните : смеењето без никаква причина и да се разбудиш наутро без да клањаш ноќе“ „Тој кој својот брат кажува љубов со уста а со срце го мрази, Аллах него ќе го проколне, ќе го направи глув и ќе го направи глув погледот на неговото срце“. „Сета лоша работа е собрана во куќа, чиј клуч е желбата за овој свет и добрината е собрана во една куќа чиј клуч е не – трчањето по овој свет“. „Три работи го зацврстуваат срцето : преголемото јадење, преголемото спиење и преголемото зборување“ „Најдоброто дело е скришното бидејќи е далеку од лицемерството и си позаштитен од стрелките на ѓаволот“ „Блазе нека е тој човек кој не го троши својот живот зборувајќи со други туку го поминува уживајќи со својот Создател и плаче за направените гревови“ „Спомнете го Севишниот Аллах, за Тој да ве спомне Заблагодарете се за добрините, за Тој да ви ги размножи.
Неговото спомнување е највеличественото нешто.
Аллах знае што правите вие.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*