Лав Толстој: „Барам да ме сметате за следбеник на Мухаммед”

Лав Николаевич Толстој (1828-1910) – генијален руски писател, мислител, кој дал голем придонес во руската книжевност и историја. Преставува еден од најпознатите писатели. Неговите филозофски погледи, дискусии (монографии), во кои тој презентирал изјави за Бога, душата, знаењето, љубовта, значењето на животот, и сл. Болните истражувања за целта на животот, моралните идеали, скриените закони на животот кои помалку се познати, духовните и општествени критики поминале преку неговата креативност како писател. Од 1870 години, тој посветува внимание околу темите за смртта, гревот, покајанието и моралната оживеност. Неговите извонредни размислување во повеќето случаи не биле јасни за руското општество. Тој бил проколнат од црквата и предаден на проклетството (анатема),a неговите пријатели и роднини го напуштиле . Во 1910. во својата 81 година од животот Лав Толстој го напуштил домот и починал на пат, на станицата Aстапово. Зошто животниот крај на овој голем писател бил толку тажен и каде тој одел кога заминал од куќата? Некои писма од овој голем писател фрлаат светло на овие работи. Вака тој пишува за црквата: “Светот го направил тоа што го сакал, и дозволил на црквата да го објасни значењето и целта на животот. Светот воспоставил живот сосема спротивен на доктрините на Христос, а црквата изучува пишани дела, врз кои го оставила народот да живее во спротивност со законот на Христос , да живее според својата лична волја. Резултатот бил – дека светот почнал да живее полош живот од паганскиот живот, а црквата, не само што тоа го оправдува, туку и го одобрува, велејќи дека тоа е во согласност со доктрината на Исус … ” Clear Glade, март , 1909

Русинка, која била во брак со еден муслиман, Е. Великовa, му напишала на Толстој, дека нејзините синови сакаат да го прифатат исламот, прашала за совет и дали тоа е можно. Писателот и одговорил: „Што се однесува до претпочитањето на Мухамеданството над православието … можам да се сложам само во мислењето со душите кои се во таков премин. Не ми е непознато, разбирајќи ги христијански идеали и христијанската доктрина во вистински смисол, за мене несомнено дека Мухамеданството, според надворешните облици е неспоредливо над православието. Па, ако лицето се стави да избира помеѓу овие два избора: да го задржи православието или да го прифати Мухамеданството, за секој разумен човек, несомнено дека ќе го прими Мухамеданството со признавање на доктрината – Еден Бог и Неговиот Пратеник- наместо комплексното и двосмислено обожување – Тројството, исповедувањето, сакраменти (обред кој го пропишала црквата, заветувањето, и сл), светците и нивните слики (икони) и комплексните обредсловија … ” Clear Glade, март, 15, 1909.

Да проследиме уште едно писмо на големиот писател, кое уште повеќе го појаснува видикот, а резултат е на болното истражување. “Би ми било задоволство, кога вие би биле со истата вера и убедување како и јас. Oткривте нешто во мојот живот. Било каков успех во животот, богатство, почести и благодарност, не ми се обезбедени. Моите пријатели, па дури и семејството, ги свртија главите од мене. Некои – либерали и естетичари (љубители на убавина) ме сметаат за луд или со слаб разум како Гогољ; други револуционери и радикали – ме сметаат за мистичар, говорник, брбливец: Владините луѓе ме сметаат за опасен, ортодоксите (православните) ме сметаат за ѓавол. Признавам дека ми е тешко … Според тоа, ве молам, гледајте на мене како следбеник на Мухаммед (Mухамеданец), и ќе биде во ред. ” Clear Glade, април, 1884.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*