Др.Оз: 10 најдобри совети за вашето здравје

Др.Мехмет Оз ве советува со 10 навики кои треба да ги усвоите и секојдневно да сe придржувате за да живеете здрав и лесен живот. Навиките го изградуваат карактерот, затоа придржувајте се на овие совети и изградете карактер на среќна и здрава личност. Потребни се минимални напори да се биде здрав и фит, а воведувањето на овие 10 совети во вашето секојневие ќе ви помогнат да се чуствувате подобро.
Бидете силни а не мршави Силата и отпорноста се загарантирани ако дневно поминете 8 км пешки. Исфрлете ги “белите отрови” од исхраната Најголеми непријатели кои треба да ги исфрлите од исхраната или барем да го намалите нивното консумирање се шеќерот, солта, млекото, брашното и лупениот ориз. По пат на овие намирници го нарушувате метаболизмот и имунитетот. Исфрлете ги од исхраната и наголемо ќе си помогнете при губењето на вишокот килограми. Јадете брокула Природен прочистувач на црниот дроб и борец против ракот е брокулата. Овој зелен зеленчук е преполн со својства кои му се потребни на вашиот организам и обезбедува здравје. Препорака од Др. Оз е да ја исчитите и исечете 5 10 минути пред да ја готвите и да не ја варите во вода, туку на пареа, за да задржи што повеќе корисни состојки. Обезбедети се доволно витамин Д Јадете доволно лосос, туна, скуша, месо, печурки и жолчки во кои има најмногу витамин Д. Имунитетот и метаболизмот ќе ви бидат повеќе од благодарни при конзумирањето на овие намирници, а со оглед на тоа дека препорачаната дневна доза е релативно мала и изнесува од 5 до 10мг, навистина не би требало да ви преставува проблем да го внесете во исхраната. Пијте 8 чаши вода дневно
Водата е живот – тоа е факт кој е од голема важност за здраво тело. Особено ако сте на режим на здрава исхрана и го изложувате организмот на телесни активности со цел да ги изгубите несаканите килограми, секако не заборавајте да пиете доволно вода за да ја спречите дехидрацијата на организмот која доведува до умор и губење на енергијата. Секојдневно пијте зелен чај Овој напиток е богат со антиоксиданси и е заслужен за здраво работење на срцето и борбата на организмот против ракот. Вклучете го во секојдневната рутина и можете да бидете сигурни дека ќе ви обезбеди многу бенифиции. Внесете есенцијални хранливи материи во исхраната Витамините, минералите, есенцијалните аминокиселини и есенцијалните масни киселини многу му се потребни на организмот, а нивното внесување може да се обезбеди преку храната. Правилната и урамнотежена исхрана која обилува со влакна, житарици, зеленчукот и месо ќе ве направат здрави и отпорни на лошите надворешни влијанија. Одложете го десертот Потребата за благо немојте во потполност да ја игнорирате дури и кога сте на диета, дозволете си малку ако почуствувате потреба за шеќер, само пазете тоа да биде барем 2 часа после јадењето затоа што шеќерот пречи при апсорпцијата на хранливите материи. По препорака на Др.Оз тој сладок оброк нека биде малку темно чоколадо со оглед на тоа дека какаото е заслужно за подобра циркулација и подобар проток на крвта во мозокот. Спијте минимално 7 часа на ден Овој совет им е корисен на сите, а посебно се однесува на оние кои се во борба со килограмите – недостатокот на сон е непријател на сите напори што ќе го превземете со цел да изгубите килограми. Квалитетен седумчасовен сон ги подобрува виталните функции на организмот и го обновува.
Не го прескокнувајте појадокот Појадокот е најважниот оброк. Започнете го денот со здрав појадок за да ја ублажите гладта која организмот ја чуствува после будењето, инаку доаѓа до забавување на метаболизмот. Навиката за појадување полесно ќе ја стекнете ако секое утро јадете иста или слична храна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*